Македонската фудбалска репрезентација го загуби пријателскиот натпревар со Иран на домашен терен на арената „Филип Втори“ во Скопје со 1:3.

Македонските репрезентативци не успеаја да врзат две победи во низа, откако на претходниот натпревар триумфиравме со 3:1 против репрезентацијата на Азербејџан, а денеска со идентичен резултат беа поразени од најдобрата азиска репрезентација. Иран во целост ја надигра нашата репрезентација и сосема заслужено славеше победа, која можеше да биде и поубедлива ако на голот не беше Столе Димитриевски, кој пак ги собра овациите на малубројната публика.

Натпреварот започна ефикасно и отворено на двете страни, па по само осум минути игра Иран веќе дојде до водство со 1:0 благодарение на погодокот на Азмун. Сепак, само две минути подоцна резултатот беше вратен во егал откако Трајковски успеа да израмни на 1:1.

Во 20. минута Азмун со својот втор погодок, по грешката на Зајков, одново го донесе Иран во водство, а со тој резултат се замина на полувремето.

Повторно како проблем се покажа бавната одбрамбена линија која испаѓа по само неколку кратки додавања, нешто на што ќе мора да се поработи пред почетокот на квалификацискиот циклус, бидејќи со ваква игра во одбраната повторно ќе бидеме во игра за последното место во групата.

На полувремето селекторот Ангеловски направи неколку измени па во игра влегоа Бабунски, Жута и Демири, по што играта на репрезентацијата живна.

Бабунски имаше одличен продор кој остана неискористен, а истото го стори и Трајковски чие додавање не стигна до Радески кој можеше лесно да постигне погодок.

Тоа беше се од нашата репрезентација на овој меч, а на спротивната страна шансите и опасните напади на Иран се редеа како на филмска лента. Азмун доби одлична топка, откако нашата одбрана повторно испадна од игра со само едно додавање и рутински го совлада Димитриевски.

Во 75. минута Иранците имаа нова стопроцентна шанса преку Хајсафи, но Димитриевски го спаси ударот на Тареми, а десет минути подоцна двајцата фудбалери одново се најдоа во акција и повторно нашиот голман беше поусшешен од Тареми.

Превземено од: http://sportclub.mk/

http://macedoniatoday.ru/wp-content/uploads/2016/05/25b3e9.jpghttp://macedoniatoday.ru/wp-content/uploads/2016/05/25b3e9-150x150.jpgСветланаСпортМакедонската фудбалска репрезентација го загуби пријателскиот натпревар со Иран на домашен терен на арената „Филип Втори“ во Скопје со 1:3. Македонските репрезентативци не успеаја да врзат две победи во низа, откако на претходниот натпревар триумфиравме со 3:1 против репрезентацијата на Азербејџан, а денеска со идентичен резултат беа поразени од најдобрата...Новости Македонии