Почина Мухамед Али на 74-годишна возраст, изјави портпаролот на семејството, на кого синоќа му се влоши состојбата. Погребот е денеска, во Луисвил, каде што знамињата се на половина копје.

ali04

Мухамед Али долго време болдеуваше од Паркинсоновата болест, со оштетен говор и движења што го направија некогаш најдобриот спортист речиси затвореник во сопственото тело.

Поранешниот светски шампион во тешка категорија Мухамед Али, чија боксерска кариера, невиден талент за привлекување на внимание и контроверзни ставови го направија да биде еден од најпознатите личности во 20. век, почина синоќа.

Смртта на Али ја потврди портпаролот на семејството, доцна синоќа, еден ден откако беше примен во болница во Феникс, со респираторна болест.

“Замина еден дел од мене, всушност најголемо парче”, изјави Џорџ Форман, поранешен боксер во тешка категорија и еден од повеќето противници на Али во рингот.

Погребна церемонија ќе се одржи во неговиот роден град Луисвил, во американската држава Кентаки. Градоначалникот на Луисвил, Грег Фишер, нареди знамиња да се симнат на половина копје во чест на Али.

“Како боксер, тој стана најголем, иако неговиот најдолготрајна победа се случи надвор од рингот,” изјави Фишер.

Али доминираше во овој спорт две децении. Ја заврши легендарната кариера во 1981 година.

Тој ја бранеше титулата во тешка категорија во епски борби во егзотични локации, го крена својот глас во име на Црнците, и славно одби да биде регрутиран во војска за време на Виетнамската војна поради муслиманските убедувања.

“Тој беше најголемиот борец на сите времиња, но боксерската кариера беше секундарна во однос на неговиот придонес во светот”, изјави промоторот Боб Арум.

Во различни децении, колку што настапуваше, заврши со резултат од 56 победи и пет порази, со 37 нокаути. Беше првиот човек што ја освојуваше титулата во тешка категорија три пати.

Али беше отфрлен  од „белата Америка“, кога им се приклучи на муслиманите и го промени своето име. Се спротивстави во екот на војната во Виетнам.

Паркинсонова болест му ја одзема способноста да говори. Последиците од ударите врз неговото тело ги почувствува во неговите подоцнежни години: трепет на рацете, лице му беше „замрзнато“, човекот кој танцуваше по рингот едвај можеше да оди.

Подоцнежен живот на Али беше тивок, за разлика од татнежот за време на кариерата, во која имаше неверојатни издигнувања и падови.

Пресметано е дека добил 29.000 удари на главата, од кои направи 57 милиони долари во кариерата, но најголем дел од парите изгуби за да го намали ефектот од ударите. Тоа не го спречи да патува неуморно да го промовира Исламот, да се среќава со светските лидери. Беше гостин на Олимписките игри во Лондон, во 2012 година.

Со треперливи раце го запали олимпискиот факел во 1996, во Атланта. Али како хуманитарец никогаш не се двоумеше да дојде со неговиот автомобил и да вози со часови за да посети тешко болни деца.

„Тој изгледаше како балерина, но удираше посилно од сите. Луѓето едноставно го обожаваа. Особено емотивно го доживеав неговото палење на олимпискиот факел во Атланта во 1996. година. Рацете му се тресеа, мислев дека нема да успее, но ме разубеди“, изјави поранешниот американски претседател Бил Клинтон, голем фан на Али.

Еден од неговите најголеми противници, Џо Фрејзер, ќе му стане голем фан. Во пресрет на 35-годишнината од славната “Грмотевица во џунглата”, му оддаде почит на човекот кој толку славно го запре во осмата рунда од борбата во 1974 година, во Киншаса.

“Јас не го нарекувам најдобар боксер на сите времиња, тој е најголемиот човек што некогаш сум го сретнал”, изјави Фрејзер. “До денес тој е највозбудливиот човек што некогаш сум го сретнал во мојот живот.”

Роден како Касиус Клеј Маркел, на 17 Јануари 1942 година, во Луисвил, Кентаки, Али почна да боксува на возраст од 12 години. Шестгодишната аматерска кариера ја заврши со олимписки златен медал во 1960 година во тешка категорија. Уште тогаш се соочи со расизмот.

Во својата автобиографија, “Најдобриот”, Али напиша дека го фрлил медалот во реката Охајо, по тепачката со банда Белци на мотоцикли, која започна откога тој и неговиот пријател беа одбиени да бидат услужени во ресторан во Луисвил.

Откако го победи Сони Листон за титулата во тешка категорија во 1964 година, Али го шокираше светот на бокс, објавувајќи дека е член на „Нацијата на исламот“. Ова многу ги вознемири белите Американци, но тој одби да биде примен и во Армијата, што ги налути најмногу. Тоа се случи на 28 април, 1967 година, еден месец откако во „Медисон Сквер Гарден“, во Њујорк, по осми пат ја одбрани титулата. Беше осуден и лишен од титулата, а доби и забрана да боксува. Поднесе жалба на пресудата и се ожени со 17-годишната Белинда Бојд, втора од неговите четири жени, еден месец по пресудата, и има четири деца со неа. Имаше уште две со третата сопруга, Вероника Порш, а со неговата четврта сопруга, Лони Вилијамс, посвои син.

Превземено од:http://ipon.mk/

http://macedoniatoday.ru/wp-content/uploads/2016/06/Clipboard01.jpghttp://macedoniatoday.ru/wp-content/uploads/2016/06/Clipboard01-150x150.jpgЗоран МерзликинСпортПочина Мухамед Али на 74-годишна возраст, изјави портпаролот на семејството, на кого синоќа му се влоши состојбата. Погребот е денеска, во Луисвил, каде што знамињата се на половина копје. Мухамед Али долго време болдеуваше од Паркинсоновата болест, со оштетен говор и движења што го направија некогаш најдобриот спортист речиси затвореник во...Новости Македонии