Бојата на шарените револуционери заврши на три моста во центарот на Скопје. Демонстрантите велат дека се ситнат часовите од нивниот ултиматум до Уставниот суд кој треба да одлучи за уставноста на СЈО.
Бараат и да престане прогонот на активистите кои протестираат.

Бројот 2 којшто шарените револуционери го напишаа на трите моста кои ги блокираа ќе служи како потсетник за власта дека остануваат уште два дена до истекување на рокот за ултиматумот кој го поставија. Велат дека се оптимисти оти сметаат дека нивните барања ќе можат да бидат исполнети за два дена.

На денешните блокади, според демонстрантите, имало провокации преку возила на брзата помош кои за 20-тина минути неколкупати поминале кај блокадите, а тие ги пропуштиле. Меѓутоа, демонстрантите успејаа да ја отворат вратата на едно од возилата, а во него немаше ниту лекари ниту пациенти.

24 Вести се обиде да стапи во контакт со здравствените власти за одговор кој и кога ги пратил екипите на брзата помош, меѓутоа тие не одговараа на нашите повици и смс пораки.

Активисти од движењето Протестирам се уверени дека станува збор за провокација, која подоцна според нив, дел од медиумите ќе ја искористат за оцрнување на блокадите и Шарената револуција. Обиди за притисоци врз нив, велат, има секој ден. Вчера, по протестот, полицајци во цивилка бараа од демонстрантите да се легитимираат.

“24Вести”.

 

 

 

http://macedoniatoday.ru/wp-content/uploads/2016/06/137230.jpghttp://macedoniatoday.ru/wp-content/uploads/2016/06/137230-150x150.jpgСветланаОбществоБојата на шарените револуционери заврши на три моста во центарот на Скопје. Демонстрантите велат дека се ситнат часовите од нивниот ултиматум до Уставниот суд кој треба да одлучи за уставноста на СЈО. Бараат и да престане прогонот на активистите кои протестираат. Бројот 2 којшто шарените револуционери го напишаа на трите моста...Новости Македонии