Омбудсманот и невладините организации поднесоа иницијатива за измени на Законот за азил и привремена заштита, со која се бара азилантите во земјава да не чекаат три години за да се спојат со семејствата

Високиот комесаријат на Обединетите нации за бегалци – УНХЦР соопшти дека лани биле забележани рекордни 65,3 милиони бегалци и раселени.

Според последните нивни информации што ги добиле пред два месеци, во Центарот за баратели на азил престојуваат околу 80 лица, кои изразиле желба да останат во Македонија. Сепак, немаат точни податоци дали и на колкумина од нив им е издадено тоа право.

На 20 јуни – Светскиот ден на бегалците, од Канцеларијата на народниот правобранител изразуваат незадоволство од начинот на кој нашата држава се однесува кон мигрантите, кои успеале да влезат на македонска територија и покрај затворањето на балканската рута.

Високиот комесаријат на Обединетите нации за бегалци – УНХЦР соопшти дека лани биле забележани рекордни 65,3 милиони бегалци и раселени. Како најголема причина за зголемување на бројот се наведуваат конфликтите и прогоните во Сирија и во Авганистан.

Годишната статистика на УНХЦР покажува дека лани прв пат е преминат прагот од 60 милиони бегалци и мигранти, односно во просек еден на секои 113 лица во светот е потенцијален азилант, внатрешно раселено лице или бегалец.

utrinski.mk.

http://macedoniatoday.ru/wp-content/uploads/2016/05/10644827_1668524296719648_6867302479303762244_n.jpghttp://macedoniatoday.ru/wp-content/uploads/2016/05/10644827_1668524296719648_6867302479303762244_n-150x150.jpgСветланаОбществоОмбудсманот и невладините организации поднесоа иницијатива за измени на Законот за азил и привремена заштита, со која се бара азилантите во земјава да не чекаат три години за да се спојат со семејствата Високиот комесаријат на Обединетите нации за бегалци - УНХЦР соопшти дека лани биле забележани рекордни 65,3 милиони...Новости Македонии