Фото: http://nightwolves.ru/
Фото: http://nightwolves.ru/
Најголемата бајкерска група од Русија “Ноќни волци“, која помеѓу останатото е позната и по пријателството со рускиот претседател Владимир Путин, ја започнува својата турнеја под името “Словенски свет 2016“, а по тој повод ќе ја посетат и Македонија.

“Ноќните волци“ ги предводи Александар Залдонстанов, кој го викаат “Хирург“, а бајкерската група постои од 1980 година, кога е основан како клуб на љубители на мотоцикли и рокенрол.

Во маршот кој го нарекуваат и “јакнење на дијалогот помеѓу словенските народи“ ќе посетат 12 земји.

Генералниот шеф на руската мото туристичка организација Евгениј Стронгов објаснил дека турнејата се планира во наредните шест месеци, со цел да се зајакне соработката меѓу Русија и земјите од словенско потекло.

“Сакаме да ги поврземе православните земји од словенскиот свет. На Балканот ја имаме Србија, Бугарија, Црна Гора, Македонија и мислам дека таму може да се чуствуваме како дома“, изјавил за бугарското национално радио “Строгов“.

Превземено од www.exclusive.mk

 

Фото: http://nightwolves.ru/
Фото: http://nightwolves.ru/
http://macedoniatoday.ru/wp-content/uploads/2016/06/nokni-volci-putin.jpghttp://macedoniatoday.ru/wp-content/uploads/2016/06/nokni-volci-putin-150x150.jpgСветланаКультураОбществоНОЌНИ ВОЛЦИНајголемата бајкерска група од Русија “Ноќни волци“, која помеѓу останатото е позната и по пријателството со рускиот претседател Владимир Путин, ја започнува својата турнеја под името “Словенски свет 2016“, а по тој повод ќе ја посетат и Македонија. “Ноќните волци“ ги предводи Александар Залдонстанов, кој го викаат “Хирург“, а бајкерската...Новости Македонии