Владимир Путин доби писмо во кое турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган се извинува за смртта на рускиот пилот што беше убиен кога руски борбен авион беше соборен над сириско-турската граница, во ноември минатата година, соопшти Кремљ.

Ердоган изразил спремност за обновување на односите со Москва, рече денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, пренесе Раша тудеј.

„Шефот на турската држава изрази длабоко сочувство до роднините на починатиот рускиот пилот и рече: ‘Извинете’“, рече Песков.

Во своето писмо Ердоган ја нарекува Русија „пријател и стратегиски партнер“ на Анкара, со кој турските власти не сакаат да ги расипат односите.

„Никогаш не сме имале желба или смислена намера да собориме авион што ѝ припаѓа на Русија“, се вели во писмото, според соопштението објавено навеб-страницата на Кремљ.

Според соопштението, во писмото Ердоган истакнува дека „турската страна ги презела сите ризици и направила големи напори за враќање на телото на рускиот пилот од рацете на сириската опозиција, донесувајќи го во Турција. Беа организирани претпогребните постапки во согласност со сите верски и воени процедури.“

Анкара го третирала семејството на мртвиот руски пилот како да е турско семејство и е „спремна за какви било иницијативи за ублажување на болката и на сериозноста на направената штета“, се вели во писмото.

Во писмото од турскиот лидер исто така се вели дека Русија претставува за Турција стратешки партнер и дека Анкара не сака да ги расипува односите меѓу земјите. Во писмото е наведено дека во моментов безбедносните органи на Турција водат судска истрага против државјанин на својата земја кој учествуваше во убиството на рускиот пилот.

Како одговор на дејствата на Турција, Москва воведе бројни економски санкции против Анкара и запре низа билатерални проекти.

Покрај тоа, Ердоган изразил спремност за справување со безбедносните предизвици во регионот и за заедничка борба против тероризмот со Москва, се додава во писмото.

Превземено од: http://www.mkd.mk/

http://macedoniatoday.ru/wp-content/uploads/2016/06/Tayyip_Erdoğan-749x1024.jpghttp://macedoniatoday.ru/wp-content/uploads/2016/06/Tayyip_Erdoğan-150x150.jpgСветланаВ миреВладимир Путин доби писмо во кое турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган се извинува за смртта на рускиот пилот што беше убиен кога руски борбен авион беше соборен над сириско-турската граница, во ноември минатата година, соопшти Кремљ. Ердоган изразил спремност за обновување на односите со Москва, рече денеска портпаролот на Кремљ,...Новости Македонии