Владата на Република Македонија за катадневното патување на актуелниот технички премиер Емил Димитриев од неговиот роден Пробиштип до Скопје и назад, само за гориво троши по околу 2.000 евра месечно, според неофицијални проценки.

За постојаното патување на премиерот од Скопје до Пробиштип, од Кабинетот на Димитриев за Плусинфо велат:

„Премиерот Димитриев по сопствен избор, а земајќи ги предвид и семејните фактори, продолжи да живее во семејната куќа во Пробиштип. Станува збор за одлука која воопшто нема влијание на неговото функционирање во Владата, бидејќи тој работните задачи ги извршува во целост со полн интензитет. Оваа одлука нема влијание врз трошоците на државата, затоа што трошоците за превоз од Пробиштип до Скопје се приближно еквивалентни на потенцијалните трошоци кои би биле ангажирани за средување на премиерската вила на Водно и трошоците за нејзино постојано функционирање“.

Скопје и Пробиштип се оддалечени 108 километри. До работа и назад владиниот „мерцедес“ во кој се превезува Димитриев минува само на оваа релација 216 километри. Личното обезбедување на премиерот патува со три придружни полициски возила. Како што налагаат правилата на Службата за обезбедување при МВР, владината „мечка“ ја придружуваат и две патролни возила од сообраќајната полиција кои како претходница го чистат патот за возилото под заштита. Така, секој ден по два пати, пет државни возила одат и се враќаат од Пробиштип.

– За премиерот на Република Македонија, владината Служба за општи и заеднички работи (СОЗР) има ангажирано две возила – рече директорот на СОЗР, Васе Донев.

Засега е тајна колку пари потрошила СОЗР за гориво за постојаниот превоз на премиерот Димитриев.

Фактите велат дека резервоарите на овие возила се 60 литри бензин. Според цените на горивата, за едно од тие пет возила на секои два дена се трошат 3.840 денари. За сите пет возила околу 19.000 денари само за гориво или 312 евра. За една недела се трошат безмалку 500 евра само за гориво, а месечно најмалку 2.000 евра. Во оваа математика не се искалкулирани и тековните партиски, семејни, владини, спортски и други активности на кои тој присуствува, односно е превезуван.

Емил Димитриев на функцијата премиер во Собранието е избран на 18 јануари. Од тогаш до денес минале 158 денови, односно 120 работни денови. Само за гориво од државната каса за неговото патување се потрошени илјадници евра. Експертите за безбедност кои ги консултиравме велат дека поевтино е секој ден тој да биде превезуван со еден од полициските хеликоптери, отколку вака секојдневно да се прават екстра државни трошоци.

Во биографијата на Димитриев пишува дека е оженет, татко на две деца. Роден е на 19 март 1979 година во Пробиштип. Прво работно место му било во ЕСМ-Пробиштип во 2001 година. Постдипломец бил на Филозофски факултет при УКИМ во Скопје, а завршил и Школа за резервни офицери на Воената академија „Генерал Михајло Апостолски“ во Скопје. Неговите пријатели велат дека Димитриев е многу побожен човек, а во слободното време обожава да оди во лов на дивеч.

Превземено од: ohridsky.com

http://macedoniatoday.ru/wp-content/uploads/2016/07/005.pnghttp://macedoniatoday.ru/wp-content/uploads/2016/07/005-150x150.pngСветланаОбществоВладата на Република Македонија за катадневното патување на актуелниот технички премиер Емил Димитриев од неговиот роден Пробиштип до Скопје и назад, само за гориво троши по околу 2.000 евра месечно, според неофицијални проценки. За постојаното патување на премиерот од Скопје до Пробиштип, од Кабинетот на Димитриев за Плусинфо велат: „Премиерот Димитриев...Новости Македонии