Руските единици кои војуваа на Солунскиот фронт, од објективни прични се во сенка на попознатите единици на рускиот Експедициски копрус кои војуваа во Франција. Солунскиот или како што понекогаш се нарекува и Македонски фронт, се смета за периферен театар на воените дејствија, како и за сето тоа что се случувало тука. Само еден мал круг на специјалисти и љубители на воената историја, имаат претстава што точно се случувало тука. Фактот дека руските војници земале учество, за сите наши сонародници може да се смета за вистинско откритие.

Есента 1914 година, се појавила идејата за испраќање на руски војници, како помош на сојузниците. Велика Британија и Франција биле во заблуда, дека човечките ресурси на Русија се неисцрпни. Пожестокиот карактер на воените дејствија, како и растот на загубите на англо- француските единици на Западниот фронт, се повеќе се зголемувале и барањата и молбите до Русија за испраќање на руска војска.

Доцна есента во 1915 година, во Русија пристигнал П. Думер. Тој со себе донел и проект, со кој предложил во Франција да се испратат 300 илјади руски резервисти, во замена за оружје и муниција. Николај II, С.Д. Сазонов и рускиот Генералштаб, увиделе дека се работи за циничен план, но сепак не можеле да го одбијат. На Русија и биле потребни воена опрема и пари од сојузниците. Началникот на Генералшабот на руската армија, генерал М.В. Алексеев, се согласил да се формираат и испратат во Франција два пешадиски полка.

Кон крајот на август 1916 година, Втората бригада во полн состав се наоѓала на Солунскиот фронт. Во тоа време, додека руските војници се позиционирале на новиот терен, активно се разработувал планот за формирање на Четврта бригада, која исто така требало да биде испратена на Солунскиот фронт. За командант на бригадата бил назначен генерал- мајор М.Н. Леонтиев. Според податоците на Данилов, во составот учествувале 180 офицери и 9368 војници. Четвртата бригада на фронтот пристигнала во октомври 1916 година, по истата маршута (Архангелск- Брест- Марсеј- Солун), како и нивните сонародници два месеци порано.

Подготовка на руските војници

Руските војници се соочувале со големи проблеми на фронтот и поради тоа, што немале соодветна логистичка поддршка. Територијата, на која се воделе борбените дејствија и ден денес се карактеризира со лоша проодност и лоши патишта. Како пример може да послужи и фактот, дека во денешната општина Новаци, која претставувала во еден период и арена на воедните дејствија, во тоа време е изграден мост од страна на српските и руските војници, за логистичка поддршка на војниците и полесен премин. До него и денес е тешко да се стигне, па дури и со џип. Рељефот и недостатокот на траспорт, значително им го усложниле животот на руските војници. Евакуацијата на ранетите и болните, знаела да биде одложена и до три дена, а снабдувањето на одредите знаел да се продолжи и до пет дена.

Руска медицинска служба на Солунскиот фронт отсутствувала, со исклучок на болницата со назив “Димитрије Солунски” во Солун и мал број на “милосрдните” сестри. Војниците биле праќани на лечење во Франција, каде се соочувале со нови тешкотии. Како што на пример, јазичните бариери биле неизбежни, (несоодветно лечење и грижа, грубиот однос на медицинскиот персонал), како и ноншалантното однесување на француските интенданти.

Во септември 1916 година бугарскиот напад, даде повод армиите на Антантата да преминат во офанзива. Воената машинерија на Источната армија не чекала премногу. Главните дејствија и воени удари, беа насочени кон градовите Флорина и Битола (во денешно време, еден од поголемите градови во Република Македонија).

Решавачка улога, во воените маневри, требало да ја одигра, француската бојна група на генералот Ф. Кордоние, главниот командант на француските воени сили во составот на Источната армија на Антантата. Во составот на првата ударни одреди, беше вклучена и Втората руска бригада. Во моментот на нападот на сите бригади на фронтот, се наоѓал и третиот полк, во кој се наоѓале 850 луѓе (не вклучувајќи ги болните од маларија), а воедно и штабот на чело со М.К.Дитерихс.

Иако одредот бил испратен на најсложната релјефна точка, успешно успеал да се справи со поставените задачи, а кога бугарската армија, преминала во контра офанзива, се со цел да ја врати назад, предходно заземената Флорина од страна на Французите, во битките кај селото Арменско на 24 септември, претрпеле загуби од 586 војници, кои биле убиени или ранени. Подоцна, за своите учества во септемвриските битки за Флорина, третиот руски полк, за воените заслуги, бил одликуван со францускиот Воен крст со палма на банерот.

Во Флорина, на третиот полк, му се приклучува и четрвтиот полк, а кон бригадите беше додаден и вториот француски колонијален полк, како и две артилериски дивизии. На тој начин, беше создадена француско- руска дивизија, под команда на М.К.Дитерихс. Новосоставените единици, требало да и зададат удари на бугарската војска, во реонот на селото Арменохор, на 4 октомври, но Бугарите  ноќта помеѓу 2 и 3 октомврти извршиле повлекување преку реката Ракова. Причина за тоа, бил успехот на српската војска, на една од најважните стратешки точки на Солунскиот фронт- Кајмакчалан.

Во тие моменти, дивизијата требала да го направи неопходното позиционирање на позициите од кои отстапила бугарската војска, се со цел да не им се дозволи позиционирање на нова одбранбена линија. Во селото Негоричани, Русите се соочиле со силно утврдени позиции од страна на непријателот, за чие постоење воопшто и не знаеле. Во безуспешните напади на селото Негоричани од 4 до 6 октомври, бригадата имаше околу 700 убиени и ранети војници. На 14 октомври, направен е уште еден обид за разбивање на бугарските утврдувања, но Русите, немале доволно муниција и артилерија, па затоа и не успеале да го направат неопходниот продор, така што напредувањето било одложено. Следниот месец, следувало затишје на борбеното поле. Според податоците на М.К.Дитерихс, во борбените дејствија во периодот септември- октомври 1916 година, Русите претрпеле сериозни загуби, при што имале 1423 загинати, ранети и исчезнати војници.

Карта на главните линии на Солунскиот фронт

Во услови, кога студот и зимата тропале на вратата и кога постоела опасност руските војници, да се соочат со бавна смрт во ладните мочуришта, Дитерихс сметал, дека само нападот може да ја спаси неговата војска од таквите непогоди. Половна можност се појавила веќе кон средината на ноември, со тоа што српските успеси ги принудиле Бугарите да отстапат до градот Прилеп, со што и беше отворен патот на француско- руската дивизија кон Битола.

На 16 ноември Дитерихс им даде наредба на своите војници да ја заземат Битола по секоја цена. Веќе следниот ден руските и француските војници преминаа во офанзива и на 19 ноември во 9 часот и 30 минути, генерал Сарај добил шифрирана порака полковникот Шишкин- началник на штабот на Втората бригада која гласела: “Првиот батаљон на третиот руски полк влезе во Монастир (стариот назив на градот Битола. Дејствијата продолжуваат.”

За заземањето на овој клучен град, генерал Сарај не останал рамнодушен и ги пофалил руските бригади: “Русите во планините, како и во српската рамнина, вашата легендарна доблест, никогаш не ве изневерила.”

Во почетокот на декември, на фронтот пристигнала и Четвртата руска бригада и ги заземала позициите заедно со српската војска и дури земала учество во борбените дејствија на 11 и 13 декември. Тоа беше моментот, кога завршија настапувањата на силите на Антантата и сојузниците, вклучувајќи ги и руските, преминаа во дефанзива. На 1 јануари 1917 година, загубите на двете бригади изнесуваа 710 офицери и војници и повеќе од 1600 ранети.

Кон крајот на март, бригадите добија известување за Февруарската револуција и руските војници се заколнаа на верност на Привремената Влада. Револуционерните настани, кои предизвикаа раскол и уништувања на армијата во Русија, првоначално на Балканот не предизвикуваа поделби.

Фотографија направена од страна на соработниците на руската амбасада, место каде руската војска ги водела битките на Солунскиот фронт

Во првите месеци од 1917 година на Солунскиот фронт владеело затишје. Руските бригади, заменети од страна на српските војници. биле префрлени на позициите по течението на реката Црна. Новото воено настапување започнало на 9 мај и двата руски воени состава, беа главната ударна игла. Втората бригада била вклучена во составот на француско- италијанската група на генерал Лебук, која била задолжена да ги пробие и заземе германските и бугарските позиции на реката Црна, а Четвртата бригада настапувала заедно со Првата српска армија.

За време на мајската офанзива, само руските војници забележале успеси. Втората бригада успеала да ја пробие првата линија на непријателот и воедно единствената од составот на групата на Лебук, која успеала да се задржи на освоените позиции. Истовремено Четвртата бригада, успеала да ги разбие Германците на висорамнината Дабица, притоа задржувајќи 80 заробеници.

Заземајќи ја висорамнината, бригадата веднаш била опколена и под артилериски оган од страна на германските сили. Во текот на 9 мај, Русите и Французите од единиците на Лебук, очајнички се обидувале да го прошират успехот. На крај, Четвртата бригада била принудена да ја напушти висорамнината, губејќи за еден ден околу 1000 војници и офицери (за време на мајските борби, двете бригади претпеле загуби од 1200 војници и офицери).

За битката на Дабица, 1500 војници на Четвртата бригада, беа наградени со “георгиевски ордени” и почесно оружје. Општата офанзива, била прекината на 23 мај, по наредба на Сарај. На 24 мај руските бригади, кои во текот на целата година се наоѓаа на првата линија на фронтот, по барање на Дитерихс беа повлечени назад заради прераспоредување.

На 26 мај од основата на руските бригади, била формирана Втората руска дивизија, а Втората и Четвртата бригада, биле преименувани во Прва и Втора. Командант на дивизијата станува Дитерихс (М.Н. Леонтјев заминува за Русија).

Веќе во јули на местото на Дитерихс е поставен поранешниот командант на Третиот полк на Втората бригада И.М. Тарбеев (последен командант на дивизијата бил генералот В.Л. Тарановски). Новата структура требало да биде засилена со артилерија и инжинерство, кои требало да пристигнат од Русија, кои воедно пристигнале на Балканот во септември и октомври 1917 година.

Руските војници на фронтот

На 24 јули дивизијата се враќа на првата борбена линија, заземајќи ги позициите помеѓу Охридското и Преспанското езеро и горниот масив на планината Баба. Од самиот почеток, Русите се наоѓале во незавидна позиција. Девет руски баталјони држеле простор од околу 60 километри, кој претходно го држеле дванаесет француски. Од другата страна на фронтот пак, се наоѓале 15 свежи германски и бугарски баталјони, а во тоа време пак Русите се соочувале со проблеми, како што се недостаток на воен персонал, што и предизвикувало проблеми во командниот кадар.

Дивизијата се соочувала со постојани и хронични проблеми, како што се недостаток на артилерија и средства за комуникација, а Преспанското езеро одвојувало една бригада од штабот на дивизијата, при што комуникацијата се одвивала по пат на гулаби. Ноќта, помеѓу 8 и 9 август, бил извршен ненадеен напад врз руските рововски утврувања. Војниците го одбиле нападот, губејќи само неколку војници, но непријателот, искористувајќи ја својата артилериска надмоќ, продолжил со артилерискиот оган врз руските позиции.

Особено тешки загуби од артилерискиот оган, претрпел седмиот полк, кој изгуби и еден дел од своите рововски утврдувања, на 6 септември по вечерните напади на Германците. Руските војници покажаа силен отпор, но физичката и моралната сила беа на сериозни искушенија.

Извор: https://fakel-history.ru/

http://macedoniatoday.ru/wp-content/uploads/2017/02/5-18.jpghttp://macedoniatoday.ru/wp-content/uploads/2017/02/5-18-150x150.jpgЖарко ДимитриевскиОбществоРуските единици кои војуваа на Солунскиот фронт, од објективни прични се во сенка на попознатите единици на рускиот Експедициски копрус кои војуваа во Франција. Солунскиот или како што понекогаш се нарекува и Македонски фронт, се смета за периферен театар на воените дејствија, како и за сето тоа что се...Новости Македонии