Во светот денес има многу празници, но најголем е само еден и секако не може ни да се оспори неговото првенство во однос на другите. Тоа е девети мај- Денот на победата.

Без разлика колку време ќе помине, значењето на подвигот во оваа војна, никогаш нема да се намали и славата на хероите никогаш нема да исчезне.  Без разлика на тоа, што овој ден од година во година се повеќе се одалечува од нас, неговото значење не може да се намали- Денот на победата, останува најсветлиот, најскапоцениот и најсаканиот празник.

Патот до победата бил долг и тежок и до нејзино остварување дошло само благодарејќи на херојството и вештината на советските војници и офицери и храброста на партизаните, кои што секој ден, се бореле ризикувајќи ги сопствените животи на првите борбени линии. Свој придонес дадоа и државите сојузнички, кои беа дел од антихитлеровската коалиција, какои и учесниците на антифашистичкото движење во разни држави.

Парада на победата во Москва 2016 г.

Во своето воено настапување низ Европа, за време на воените операции против фашистичка Германија, сојузничките војски ослободувале голем број на логораши од концентрационите логори. Многумина од логорашите морале да ги преживеат и маршовите на смртта, кои се одвивале на потегот од окупирана Полска до внатрешноста на Германија. Тие беа целосно измачени од глад и болести.

Нацистичката расна политика, била политика на расна дискриминација и ксенофобија во Третиот рајх, заснована на концепција на расна хигиена. Расизмот во Третиот рајх добил државна поддршка. Концепцијата на расната хигиена подразбирала делење на луѓето на представници на “виша раса” и пониска раса.

Политиката на нацистичката расна политика, ги создала и логорите на смртта- установи за масовно уништување, пред се на Евреи, но и на други групи на населенија.

Група на логораши во Аушвиц

Типичната последователност на дејствијата во логорите на смртта, врз граѓанските лица од еврејска, но и од други националности веднаш после пристигнувањето била следна (за време на депортацијата, луѓето умирале во вагоните како последица на жед и задушување): селекција за непосредно првично уништување и елиминација на логорашите, веќе на самиот излез од вагоните, при што следело водење на “одбраните” во гасните комори за уништување. Во прв ред, биле бирани жени, деца, старци и неспособни за работа. На останатите им следело тетовирање на логорски број, принудна работа и глад. Оние кои би се разболеле или изнемоштувале, биле водени во гасните комори.

Мојот дедо Владимир Крстиќ, кој што бил уапсен и депортитан од страна на нацистите во логорот Дора, за време на Втората светска војна, е еден од немногуте херои, кој успеал да ги преживее ужасите на логорот. Оваа година, во рамките на акцијата “Бесмртен полк”, на ѕидот на сеќавањето, беше поставена и неговата фотографија.

Советски војници во Берлин

Финалните битки за Рајхот започнуваат на 29 април, а веќе следниот ден сите можеа да ги видат знамињата на “Победата”. Германското раководство се решава да започне преговори за примирје, но тоа воопшто не било ни земено во предвид, целта била капитулација и тоа конечна, целосна и безусловна. Во спротивно, на советские војници им било наредено да отворат оган и да се нанесе финален удар врз остатоците на воената одбрана на Берлин, што воедно и било направено, бидејќи барањето за капитулација од германската команда била отфрлена.

Јуришот на центарот на Берлин и битките за “диктаторската” канцеларија продолжиле ноќта од први кон втори мај, а веќе утрината отпорот на фашистите бил скршен. На втори мај берлинскиот гарнизон се предал, а вечерта Германците преку радио соопштиле дека прекинуваат со воените дејствија.

Актот за капитулација на фашистичка Германија бил потпишан ноќта на седми мај. Првично него го потпишале генералот Јодл, адмиралот Фридебург, а следниот ден на 8 мај- актот го потпишале и фелдмаршалот Кејтел и други представници на германската команда.

Капитулацијата била потпишана во Рејмс, а Владите на сојузничките држави: СССР, Велика Британија и САД, се договориле да ја сметаат за прелиминарна, воедно на Запад се сметала за завршна и безусловна.

За време на Берлинската операција, Црвената Армија претрпела огромни загуби, со заземањето на Берлин, најстрашната војна во историјата на човештвото е завршена со конечна победа.

Вечерта на 9- ти мај, во Москва се слушнало силно воено салутирање, какво никогаш до тогаш не било во руската историја: по 30 истрели од 1000 орудија известија за големиот настан.

Парадата на победата, е исто така голем настан, кој рускиот народ народ ќе го помни засекогаш. Маршалот Жуков на бел коњ, главниот домаќин на оваа парада, за рускиот секогаш ќе остане симбол на сила, моќ, духовна нескршливост, неверојатна храброст- можеме да кажеме дека Жуков го олицетворувал херојството на целиот руски народ во оваа војна. Полковите на Црвената Армија поминале на Црвениот плоштад празнично, а крајот на парадата го запомниле сите, и не бил помалце симболичен од нејзиниот почеток. Хрониката на крајот на Парадата на победата во Советскиот Сојуз напамет ја знаел секој човек. 200 знаменосци ги фрлале амблемите и знамињата на германските армијски дивизии и полкови под подножјето на Мавзолејот на Ленин.

Во Русија нема семејство кое војната не го допрело. Денес речиси кај сите дедовците или татковците војувале, загинале, или биле ранети, или биле во ропство на непријателот, а на фронтовите најмногу загинале млади луѓе, кои не ни успеале да станат родители.

За оваа победа, народите на СССР платиле скапа цена: речиси третина од материјалните ресурси на државата биле уништени, а човечките загуби се околу 27 или 28 милиони. Денес никој не може да го каже точниот број на загинати.

 

Текст: Жарко Димитриевски

http://macedoniatoday.ru/wp-content/uploads/2017/05/18342379_10208978307471794_7612200843067563099_n.jpghttp://macedoniatoday.ru/wp-content/uploads/2017/05/18342379_10208978307471794_7612200843067563099_n-150x150.jpgЖарко ДимитриевскиОбществоВо светот денес има многу празници, но најголем е само еден и секако не може ни да се оспори неговото првенство во однос на другите. Тоа е девети мај- Денот на победата. Без разлика колку време ќе помине, значењето на подвигот во оваа војна, никогаш нема да се намали и...Новости Македонии