Автор: Дарко Тодоровски

Денот на Победата е најголемиот праздник во Русија. Сите Руси, без разлика на својата националност, верска определба, без разлика на своите политички убедувања го слават овој праздник, Денот на Победата над Нацизмот и Фашизмот во Европа. Праздник кој има големо значење за историјата на Русија и на СССР, и за иднината на Русија. Праздник кога цела Русија им одава почит и сеќавање на безбројните знајни и незнајни херои кои што ги положиле своите животи во остварувањето на Големата Победа. Во Русија а и скоро во целиот бивши СССР скоро да нема фамилија или семејство од кое што нема учесник во Големата Татковинска војна 1941-45 година, војна во која што никој не се штедел себеси и својот живот во давањето на придонесот во Големата Победа. 27-те милиони човечки жртви се најдобар доказ и сведок за тоа.

Како странец во Москва, решив да отидам на репетицијата на Парадата во чест на Денот на Победата на 3-ти мај, и на самата Парада на 9-ти мај во чест на Денот на Победата. Скоро сите мои руски другари и другарки ме посоветуваа дека по секоја цена морам да појдам на Парадата во чест на Денот на Победата, на Бесмртниот полк, и на другите манифестации во чест на праздникот. Дека морам да бидам сведок на празднувањето на овој величествен праздник, и дека ниту еден праздник ширум светот не се слави со таков елан, гордост, енергија како Денот на Победата. И морам да признаам дека моите другари беа во право. Не постојат зборови со кои што може да се опише ова незаборавно доживување, кое што ќе ми остане засекогаш врежано во меморијата.
Почнувајќи од самите мерки за безбедност кои што беа на највисоко можно ниво, па се до самата организација и спроведување на Парадата, Бесмртниот полк и другите манифестации се беше на највисоко ниво и истите беа организирани беспрекорно. Се течеше како под конец, како и секогаш кога се во прашање русите во организирањето на вакви настани.

На 3-ти мај заедно со еден другар од Таџикистан заедно појдовме на репетицијата на Парадата во центарот на Москва. Иако ова беше Репетиција мерките за безбедност беа на највисоко ниво. Се стациониравме близу преполниот булевар и фативме убаво место, и со телефоните во рака како и останатите на булеварот го чекавме доаѓањето на воената техника. А тогаш во далечините на бескрајно правите и широки булевари на Москва се слушаше работењето на моторите на воената техника и полека на булеварот почнаа да се појавуваат силуетите на воената техника. Покрај нас една по друга поминуваа колони на различна најсовремена воена техника, последно чудо на технологијата, а јас и мојот другар, како и сите останати на булеварот сликавме и снимавме. Сето она што до пред некое време го гледав само на интернет тој ден бев во можност да го видам со свои очи. Бев импресиониран, како и останатите присутни на булеварот. Со некои од нив разменивме по некој коментар и свое мислење за воената техника. Задоволни со својот пријател се вративме во студентскиот дом.

На 9-ти мај утрото гледката преку мојот прозорец не беше охрабрувачка. Облачно и ладно време, нетипично за мај, а временската прогноза беше дека се очекуваат врнежи во текот на денот. Но и покрај се желбата во мене беше посилна и појдов во центарот на Москва. Во метрото уште од утрото реки народ со Георгиевская ленточка на себе, со безброј Руски и Советски знамиња, со слики и портрети на своите предци учесници во Големата Татковинска војна во вагоните на метрото се возеа кон центарот на Москва. На сите метро станици ечеа воени песни од времето на Големата Татковинска војна. Почнувајќи од легендарната Священная война, катюша, Нам нужна одна Победа, По полю танки грохотали и плејада на други песни. Она што ме импресионираше е тоа што голем број на мали деца држејќи се за своите родители ги пееја овие легендарни песни. При секоја песна одново и одново се ежев. Улицата Тверскаја беше преполна од самото утро и беше затворена за прием на нови гледачи, по што по сугестија на еден офицер од полицијата се упатив на Арбат, во близина на Кремљ и на Црвениот Плоштад, и не згрешив. Успеав да завземам добра местоположба и бев во очекување на појавувањето на силуетите на воената техника.

И тогаш поново на бескрајно широките булевари се појавија силуетите на воената техника, која што во колони и грипирајќи се по однапред одработена програма и сценарио започнаа да се движат. Тоа беше остварување на мојот сон, како и сонот на мојот дедо, кој што од секогаш мечтаеше да биде сведок на Парадата во чест на Денот на Победата. Се сетив на неговите раскажувања за битката на Сремскиот фронт, како партизаните во неколку наврати не успеале да ги пробијат линиите на нацистите и фашистите, и како тогаш на помош дошле советските војници. За звукот на легендарните Каќуша кои што ги равнеле германските одбранбени позиции, за легендарните тенкови Т-34 кои што заедно со советската пешадија и партизаните ги пробиле одбранбените линии на нацистите и на нивните сојузници, и за големата победа на Сремскиот фронт. За средбата со советските војници, и за нивното херојство.

Бев бескрајно среќен и горд што сум на Парадата, и што го остварив својот и сонот на мојот дедо. Поминувајќи покрај нас војниците од различните типови на воена техника салутираа и ги отпоздравуваа граѓаните, на што граѓаните им одговараа со овации и со Ура, Ураа, Ураа!

Една по една минуваа колоните со различна модерна техника и опрема, која што ги оставаше без здив присутните, кои што неуморно ги поздравуваа војниците. Околу мене беа луѓе од различни делови на светот, со телефони, апарати и камери во рацете. На лицата на сите нив се гледаше огромна радост и задоволство. Помина и последниот ешалон на воена техника, и сите бевме во исчекување на воената авијација, која што требаше да помине над нас. Но тогаш соопштија дека поради лошото време и поради ниските облаци и дождот кој што започна, воената авијација не полетала и дека нема да бидеме сведоци на воздушниот дел од воената парада. Безбројните колони народ започнаа да се движат кон најблиските метро станици, и постојано се слушаа импресиите од парадата. Но со тоа манифестациите во чест на Денот на Победата не завршија.

Следуваше Бесмртниот полк. Нешто нај импресивно и импозантно кое што го имам видено и доживеано во мојот живот. Низ главните булевари на Москва, црвениот плоштад бескрајни колони народ со портрети на своите предци учесници во Големата Татковинска војна се движеа по булеварите на Москва и на тој начин им одаваа почит на своите предци, и го чуваат споменот за нив. Според властите на Москва и полицијата во Бесмртниот полк примиле учество около 750 000 луѓе, и тоа е абсолутен рекорд за оваа манифестација. Нешто фасцинантно! На чело на колоната беше претседателот на Русија Владимир Путин, со портрет во рацете на својот татко, придружуван од Сергеј Собјанин, градоначалникот на Москва како и други функционери и јавни личности на Русија.

Вечерта во 22 часот чистото небо над Москва беше осветлено од преубави огномети. Од 36 различни локации ширум Москва 10 минути небото на Москва го осветлуваа преубави огномети. Фасцинантна гледка! Преубав завршеток на Денот на Победата! Благодарност и низок поклон до сите знајни и незнајни херои кои што го дале својот допринос во победата на Нацизмот и Фашизмот ширум светот.

http://macedoniatoday.ru/wp-content/uploads/2017/03/17354819_10212343609094824_1101221299_n.jpghttp://macedoniatoday.ru/wp-content/uploads/2017/03/17354819_10212343609094824_1101221299_n-150x150.jpgСветланаВзгляд со стороныКроме новостейАвтор: Дарко Тодоровски Денот на Победата е најголемиот праздник во Русија. Сите Руси, без разлика на својата националност, верска определба, без разлика на своите политички убедувања го слават овој праздник, Денот на Победата над Нацизмот и Фашизмот во Европа. Праздник кој има големо значење за историјата на Русија и на...Новости Македонии