Автор: Дарко Тодоровски

Скоро секојдневно сме сведоци на свирепи терористички напади и на обиди за напади ширум светот. Но она што до вчера се чинеше дека е далеку од Европа денес е европско секојдневие. Париз, Лондон, Брисел, Берлин и редица други европски метрополи и градови се под нишанот на тероризмот и вестите кои што стигнуваат од тие градови за терористички напади се повеќе наликуваат на вестите од Блискиот исток и од некои други небезбедни краеви на светот.

Европа – колевката на цивилизацијата денес е ставена под удар на тероризмот и на неговите водачи. Толерантната и прогресивна Европа денес е соочена со нападите од страна на тероризмот, чија што цел е создавање на исламски калифат и назадно општество, со строги религиски закони изразени преку шеријатот. Целта на терористите е јасна, предизвикување на страв, паника, несигурност помеѓу граѓаните на Европа, со порака дека никој повеќе не е сигурен и дека војната се пресели и на европско копно. Друга цел на терористите е сеењето на недоверба, омраза помеѓу европјаните и муслиманите од друга страна, што во иднина ќе доведе до немири, тензии и напади едни на други.

Европа а и целиот свет мора да ја добијат војната против тероризмот, неговите идеолози, водачи и најважно од се неговите спонзори и подржувачи. Доколку до пред 15-тина години Европа важеше за безбеден континент, со исклучително мал број на терористички напади и обиди за напади, во последните две до три години Европа е изложена на огромен број на крвави терористички напади и огромен број на спречени напади. Терористите се чувствуваат слободни до таа мера што се дрзнуваат да извршат терористички напади во срцата на европските метрополи, кои до неодамна важеа за безбедни и сигурни.

Повеќе од сигурно е дека европските безбедносни служби и агенции потфрлија во својата работа и не се на висина на задачата, и дека е потребна темелна реформа и реорганизација на истите, овозможена преку нови закони кои што ќе им овозможат на службите поефикасно следење и елиминирање на заканите и на терористите. Она што додатно ја отежнува работата на безбедносните агенции е тоа што терористите ја сменија својата тактика и стратегија, доколку порано тие вршеа терористички напади преку бомбаши самоубијци или поставување на бомби на јавни места и во јавен транспорт, за што беше потребна добра организација, парични средства и логистика, екслозивни средства и сето тоа безбедносните служби во најголем број можеа да го следат и во одреден момент да ја неутрализираат заканата, денес сме сведоци како транспортни средства, пред се возила, комбиња, камиони и ладно оружје се претвораат во страшни машини за убивање и сето тоа ја отежнува работата на службите во лоцирањето, следењето и неутрализирањето на заканата.

Голем проблем за безбедносните служби е и тоа што ширум Европа, а посебно во Франција, Германија, Белгија и Велика Британија има огромен број на спиечки келии, кои што чекаат наредба од своите водачи за извршување на терористички напад. Друг проблем е и тоа што на боиштата во Ирак, Сирија, Афганистан, Либија а и други држави има безброј на европски граѓани во редовите на терористите кои што доколку се вратат во Европа се потенцијална опасност.

Последните напади се најдобар доказ за тоа. Најголемиот дел од терористичките напади ширум Европа се изведени од страна на второто поколение мигранти во Европа, млади луѓе од арапските држави и од северна Африка кои што се родиле во Европа и имаат пасоши од некоја европска држава. Нејасно е поради што второто поколение мигранти се одлучува на таков чекор. Нивните родители мигрирале во Европа и успешно се интегрирале во општеството, што не може да се каже и за нивните деца, кои што во најголемиот дел од својот живот може да се каже дека воделе нормален европски живот, се до определен момент кога под притисок на религијата, на тоа дека воделе грешен живот, подклекнуваат и дозволуваат да бидат обработени а нивните мозоци исперени, и во обидот да се искупат за своите гревови тие се претвораат во смртоносно оружје во рацете на лидерите и планерите на терористичките напади. Европските безбедносни служби не се во можност да се справат со задачата и да ја спречат опасноста.

Во тој правец Европа мора да учи и да ги превземе позитивните закони, практики од Израел, САД и Русија и од нивните безбедносни агенции и служби, кои што имаат долга историја на борба против тероризмот. Потребни се нови закони кои што ќе им овозможат поголема слобода, контрола и можност за делување на европските безбедносни агенции во неутрализирањето на опасностите. Во крајна сметка и европските политичари и граѓани ќе бидат приморани да жртвуваат дел од својата приватност и слобода за сметка на својата и безбедноста на своите блиски.

И најважното од се, водечките светски држави во име на заедничката борба против тероризмот мора да ги надминат проблемите, разликите и суетите, и да почнат заедно да соработуваат, да разменуваат разузнувачки податоци помеѓу безбедносните агенции и служби, да разменуваат искуства и знаења во борбата против ова светско зло. И ќе мора да ги принудат дел од арапските држави кои што се спонзори и јатаци на тероризмот и терористите да се одкажат од истите. Европа мора да се надмине себе и да се победи самата себе, и да излезе уште посилна од ова.

http://macedoniatoday.ru/wp-content/uploads/2017/03/17354819_10212343609094824_1101221299_n.jpghttp://macedoniatoday.ru/wp-content/uploads/2017/03/17354819_10212343609094824_1101221299_n-150x150.jpgСветланаКомментарии и анализБерлин,Брисел,Европа,Израел,Лондон,Париз,Русија,САД,тероризмАвтор: Дарко Тодоровски Скоро секојдневно сме сведоци на свирепи терористички напади и на обиди за напади ширум светот. Но она што до вчера се чинеше дека е далеку од Европа денес е европско секојдневие. Париз, Лондон, Брисел, Берлин и редица други европски метрополи и градови се под нишанот на тероризмот...Новости Македонии